Доказ дека се сели во Јунајтед: Зидан почнал да учи англиски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сан“ пишува дека Зинедин Зидан дефинитивно е заинтересиран за работата во Манчестер Јунајтед, а како резултат на тоа веќе започнал да го учи англискиот јазик.

По катастрофалниот старт на сезоната, и новиот пораз од Вест Хем, се погласни се шпекулациите дека деновите на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ се одброени.

46 годишниот Зидан во моментов е во Лондон каде престојува со неговата сопруга. Французинот е без ангажман по напуштањето на Реал Мадрид и е фаворит број еден за клупата на Манчестер Јунајтед.

Зидан веќе одбил неколку  екстра богати понуди од Катар со цел да го преземе кормилото на „Црвените ѓаволи“.