Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона синоќа доживеа пораз во гости од Севилја со 0-2 во првиот меч од четвртфиналето во шпанскиот куп, а Каталонците играа без Лионел Меси.
Интересно е тоа што Каталонците сезонава одиграа осум натпревари без Аргентинецот, а ова им беше втор пораз. Ист број порази имаат и во натпреварите во кои Меси беше тука, само што бројот на натпревари е многу поглем, односно 24 дуели.
Барселона наредниот меч го игра во недела против Џирона и треба да се очекува Аргентинецот да биде на фудбалскиот терен.
Меси во текот на сезоната одигра 24 натпревари во сите натпреварувања и постигна 25 голови и 14 асистенции.