Долгогодишниот „Топчија“, стави потпис на нова соработка со Милан?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот функционер на Арсенал, Иван Газидис е именуван денес за извршен директор на италијанскиот фудбалски клуб Милан.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, одлуката е соопштена на денешниот состанок на управата на Милан, а Газидис потпиша договор до 30. јуни 2020. година.

Управата на Милан наведе дека доведувањето на Газидис е „јасен знак“ за клупските амбиции.

„Задоволни сме со неговото именување. Тоа е јасен знак дека новите сопственици имаат важни цели кои сакаат да ги остварат на долг рок“, се наведува во соопшетнието на Милан.

53-годишниот Газидис речиси 10 години мина во Арсенал на функцијата извршен директор.