Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Одличниот настап на италијанскиот тенисер Марко Чечинато на Ролан Гарос го прекина седмиот носител на турнирот Доминик Тим во полуфиналето на турнирот во Франција.
Австриецот со 3:0 по сетови го совлада Чечинато, но само третиот сет го доби лесно, додека во првите два мораше да се намачи со тенисерот кој го изненади Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето.
Првиот сет заврши со 7:5, а посебно драматичен беше вториот кој Тим го доби во тај бреј по 22 одиграни поени. Третиот сет беше формалност и Тим го доби со 6:1.
Австрискиот тенисер во финалето ќе го очекува подобриот од натпреварот помеѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин Дел Потро.