Дончиќ го имаше најдобриот настап во НБА и постави – нов рекорд! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас Маверикс беа поразени во гости од Њу Орлеанс Пеликанс со 112-114, а уште еден феноменален настап имаше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ ја воодушеви јавноста со своите настапи во дресот на Далас. Дончиќ на НБА-драфтот беше избран како трет пик, па најави уште подобри настапи. Овој млад кошаркар мечот го заврши со 34 поени, а тоа е негов рекорд во НБА-лигата.

До синоќа му беше рекордот 32 поени, но Дончиќ го надмина и тоа. Сепак, сите ги изненади одлуката на тренерот на четири секунди пред крајот да го гради нападот преку Денис Смит Јуниор, а не преку Дончиќ, кој беше доста расположен.