Дончиќ со нов рекорд, но Далас загуби од Клиперс (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Дончиќ постави синоќа нов рекорд во кариерата за поени во НБА-лигата, но тоа не му беше доволно на Далас маверикс да триумфира против Лос Анџелес клиперс (121-125).

Клиперс до триумф ги предводеше Данило Галинари со 32 поени, додека Лу Вилијамс постигна 26.

Словенечкиот кошаркар покажа уште еднаш за каков кошаркар станува збор, откако постигна 32 поени, а притоа постигна пет асистенции, четири скока и четири украдени топки.

Мајами хит во уште еден меч одигра на свој паркет го победија Хјустон рокетс со 101-99. Имаа гостите од Тексас шанса за победа, но Ерик Гордон промаши, па тоа го казнија домаќините.