Дончиќ сè повеќе изненадува – има повеќе гласови од Кари во гласањето за Олстар (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


НБА-лигата денеска ги објави новите резултати од гласањето за Олстар натпреварот, а веднаш „боде очи“ пласманот на фантастичниот Лука Дончиќ.

Неверојатниот Словенец во дебитантската сезона постигнува по 19,8 поени, 6,7 скокови и 4,9 асистенции по натпревар.

Доказ дека 19-годишниот „руки“ е навистина неверојатен и ја освои кошаркарската јавност покажува и фактот дека во моментов има повеќе гласови од Стеф Кари, една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата.

Дончиќ има 2.220.077 гласови, а во Западната конференција од него има повеќе Леброн Џејмс – 2.779.912 гласови.