„Дон Балон“: Манчестер сити му прави конкуренција на Милан за ѕвезда на Реал Мадрид


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пишува дека Манчестер сити сака да го купи Карим Бензема за 35 милиони фунти, а „кралевите“ не би имале ништо против да го продадат Французинот.

Бензема не ги исполни очекувањата на управата на клубот и навивачите, па поради тоа не му останува друго решение, освен да замине од екипата.

Утринава се појави информација во светските медиуми дека Милан е заинтересиран за Французинот и наскоро ќе се договори со „кралевите“ за висината на трансферот, но сега има еден проблем.

Трансферот на „росонерите“ би можел да им го расипе Манчестер сити и Пеп Гвардиола, но наскоро ќе биде позната иднината на напаѓачот на Реал Мадрид.