Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед бара централен дефанзивец и веќе се споменуваа неколку потенцијални засилувања, но очигледно изборот паднал на фудбалерот на Порто, Едер Милитао.
„Дон Балон“ пишува дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да го победат Реал Мадрид во битката за квалитетниот дефанзивец.
Наводно, европскиот шампион Реал не сака да плати повеќе од 25 милиони евра за услугите на Милитао, додека Јунајтед би можел да понуди до 40 милиони евра.
Инаку, Милитао со португалскиот гигант има договор до 2023 година, а исто така има и откупна клаузула од 50 милиони евра.
Поранешниот дефанзивец на Сао Паоло има само 20 години и импресионираше многу гиганти, па наскоро би можел да направи мега-трансфер.