Дортмунд ќе ги троши парите од Пулишиќ: Договорени два трансфери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германските медиуми пренесуваат дека од Борусија Дортмунд планираат веднаш да ги инвестираат парите добиени од трансферот на Кристиан Пулишиќ во Челси.

„Милионерите“ за сума од 58 милиони фунти ќе донесат двајца фудбалери и тоа Торган Азар од Борусија Мехенгладбах и Леонардо Балерди од Бока Јуниорс.

25 годишниот брат на Еден Азар веќе одбил да ја продолжи соработката со Мехенгладбах и многу веројатно во текот на летниот преоден рок ќе стави потпис на договор со тимот на Борусија Дортмунд. Белгискиот репрезентативец би чинел околу 38 милиони фунти, додека останатите пари ќе бидат потрошени за 19 годишниот Балерди за кој и официјално е потврдено дека ќе си замине од Бока Јуниорс.