Досадниот Реал: Одвај запиша победа против Валјекано, а успеа да собори уште еден негативен рекорд…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трикратниот во низа освојувач на Лигата на шампионите е во големи проблеми. Перез го смени Лопетеги и го постави Солари на местото шеф на стручниот штаб, но ништо не се промени. Кралскиот клуб и натаму игра лошо, резултатите се нешто подобри, но навивачите се незадоволни од играта, а медиумите пишуваат дека играат досаден фудбал, што клуб каков што е Реал Мадрид не смее да си го дозволи.

Во текот на оваа недела, Реал одигра ужасен меч против ЦСКА, поразени се со 3:0 и навивачите сметаат дека тоа е блам за актуелниот шампион иако и покрај тој пораз го обезбедија првото место во групата.

Вчера избегнаа блам против Рајо Валекано, победија со 1:0, но мора да се земе предвид дека тоа е најлошата одбрана во лигата, а примија само еден погодок на „Бернабеу“. Бензема беше единствен стрелец на мечот, а Куртоа имаше 2 фантастични одбрани кои го спасија Реал од брука. Пред тоа се и последен тим на табелата.

Реал по победата против Валјекано успеа да собори уште еден негативен рекорд стар 25 години. Имено, тие постигнаа само 24 погодоци во 16 лигашки меча. Последен пат во сезоната 93/94 постигнале толку малку погодоци на 16 лигашки меча.

Нивниот најголем ривал постигна 41 погодок на 15 одиграни меча. Медиумите ги критикуваат бидејќи играат досаден фудбал, не сме навикнале на ваков Реал, Веројатно се подразбира дека мора да играат атрактивно и да ја забавуваат публика на „Бернабеу“.