Доста му беше од Премиерлигата: Искусен Аргентинец се сели во Италија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пабло Забалета игра за Вест хем, а има договор со нив до наредното лето, па очигледно ќе ја одигра последната сезона во Премиерлигата.

Забалета кажа дека би сакал да заигра во италијанската Серија А, а во минатато имаше понуди и од Рома.

„Бев блиску до Рома. Ми нудеа тригодишен договор и мислев дека тоа би било добро искуство за мене“, кажа Забалета.

Сепак, Гвардиола го презема клубот и му кажал дека го сака во екипата, па на крајот останал во Манчестер.