До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите во Велс блиски до тимот на Свонси, напаѓачот на Милан, Андре Силва е пред трансфер на „Либерти“.
„Велс Онлајн“ пренесува дека последнопласираниот клуб во Премиер лигата е најсериозен ривал да го донесе Португалецот во своите редови, а за него се подготвени да издвојат 35 милиони фунти.
Силва има кошмарни шест месеци зад себе и воопшто не ги оправда очекувањата во Милан по неговиот трансфер на „Сан Сиро“ од Порто.
За Андре Силва заинтересиран е и лидерот во Чемпионшип дивизијата, Вулверхемптон на чие чело седи Португалецот, Нуно Еспирито Санто кој би можел да го привлече својот сонародник во се поизвесниот нов член на Премиер лигата од следната сезона.















