Дракслер претставен во ПСЖ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ од денеска е посилен за еден играч плус, тоа е Хулијан Дракслер (23) кој после 18 години играње во Германија се пресели во Франција.

Дракслер потпиша договор до 30 јуни 2021 и така постана првото засилување на ПСЖ овој Јануари.

„Голема чест ми е што дојдов во ПСЖ. Прв пат во животот играм во друга држава, имам прилика да запознаам нова лига, нова земја. Многу сум горд што дојдов овде. Сакам да помогнам во освојување на нови трофеи“ – вели Дракслер.

Официјално не е потврдено но најверојатно ПСЖ за Дракслер плати 42 милиони евра.