Дракслер продолжува во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека од таборот на Севилја работат на договор за позајмица на Жулиан Дракслер.

24 годишниот фудбалер стартуваше на само 31 натпревар во дресот на ПСЖ откако потпиша за овој клуб во јануари 2017 година од редовите на Волфсбург.

„АС“ и „Радио Севилја“ пренесуваат дека од ПСЖ ќе му дозволат на германскиот интернационалец да го напушти „Паркот на принцовите“ до крајот на оваа недела.

Поранешниот играч на Шалке 04 и Волфсбург ќе треба да се откаже од дел од платата доколку сака да заврши во андалузискиот тим.