Драмата добива епилог: Милан реши што ќе прави со Игуаин!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Милан наредното лето би требало Гонзало Игуаин да го врати назад во Јувентус.

Да потсетиме, Игуаин летоска стигна кај „росонерите“ на позајмица од Јувентус за 18 милиони евра, а доколку сакаат да го купат, ќе мора да платат уште 36 милиони евра.

Сепак, „Кориере дело Спорт“ пишува дека Милан не сака да му дава плата од девет милиони евра на Игуаин, па најверојатно тоа значи дека Игуаин се враќа во Торино.

Инаку, Игуаин досега постигна седум голови на 13 натпревари, а против Јувентус доби црвен картон поради кој нема да игра на следните два натпревари.