Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наскоро се очекува потврда за најголемиот трансфер летово, доколку не се случи некаков пресврт. Кристијано Роналдо би требало да го облече дресот на Јувентус.
„Дон балон“ пишува дека Роналдо нема да биде единствен играч, кој ќе ги напушти „кралевите“, туку по неговите стапки би можел да тргне Марсело.
Бразилецот е многу добар пријател со Роналдо, па поради тоа постои голема можност да го следи и во Торино.
Првиот предуслов е „старата дама“ да го продаде Алекс Сандро, а според англиските медиуми наскоро Манчестер јунајтед ќе испрати официјална понуда за него.