Дресот на Барселона за наредната сезона неверојатно потсетува на дресот на Хрватска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали во следната сезона на дресот на Барселона ќе видеме коцки?

Судејќи по анкетите, повеќе навивачи на Барселона не сакаат своите омилени играчи да ги гледаат во коцкасти дресови.

Според интернет анкета на Мундо Депортиво, 76 проценти од навивачите гласаа против предложениот дрес, а со слично размислување се и читателите на порталот Ел Национал кој исто така спроведе анкета.

Според натписите на шпанските медиуми, Барселона следната година би можела да заигра во коцкасти дресови слични на оние со кој игра Хрватска, а со тоа за прв пат во својата 120 годишна историја клубот ќе биде без традиционалните плави и црвени линии.

,,Барса треба да се откаже од иновација односно да го задржи својот препознатлив стил”, ,,Хоризонтални пруги, тенки пруги или квадратчиња, едноставно не одат со Барселона”.. се само некои од коментарите на навивачите под фотографијата со потенцијалниот коцкаст дрес.