Дрогба останува слободен – Одбиена е понудата од Бразил!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Челси, Дидие Дрогба откри дека ја одбил понудата да се пресели во Коринтијанс.

Тој моментално е слободен играч, откако му заврши договорот со Монтреал.

„Имаше многу шпекулации за мене дека ќе се преселам во Коринтијанс, но беше важно за мене е да зборувам со претседателот на тој клуб и тоа го направив.“

„Му објаснив дека ми е чест што го покажале нивниот интерес, но јас не сакам да се преселам во нивниот клуб.“

„Би сакал да му се заблагодарам на клубот и на навивачите на тој тим за нивните пораки и им посакувам се најдобро во следната сезона.“