„Дурант им се приклучи на насилниците“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Голден Стејт и Кливленд по трет пат по ред ќе играат во финалето на НБА лигата, а најголема разлика во однос на минатата година е тоа што Голден Стејт оваа сезона го има Дурант.

Дурант стигна од Оклахома, само неколку месеци откако Оклахома изгуби по 3:1 предност во финалната серија на Западот.

Ова секако предизвика многу бурни реакции кај навивачите на НБА лигата, а на оваа тема разговараше и Пирс.

„Јас едноставно не сум таков. Не сум човек кој оди во квартот и таму да ме истепа банда насилници и јас потоа да им се приклучам.“