Дурант наскоро останува без договор, но има само една желба!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант на крајот на сезоната ќе стане слободен агент бидејќи му завршува договорот со шампионот.

Дурант имаше што да одговори на прашањата на американските медиуми, па кажа дека сака што е можно повеќе пари.

„Само сакам да се убедам дека ќе добијам што е можно повеќе пари за да ги собирам. Тоа ми е планот. Да играм кошарка и да земам пари“, кажа Дурант.

Начинот да добие многу пари е повторно да потпише договор со Голден Стејт на крајот на сезонава, а има можност да ја добие најголемата дозволена сума од 221 милион долари за пет години.

Доколку сака да си замине од Голден Стејт, нема да добие ниту слична сума на пари, па до некаде е јасно каде ќе ја продолжи кариерата.