„Д Интернешнл 8“: Ивл Џиниусес со убиствена игра, очаен настап на Виртус! (ФОТО+ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вториот ден од „Д Интернешнл“ ни донесе нови успеси и падови на различни екипи, но истите тимови останаа на врвот како и по првиот ден.

Вчера на програмата беа три кола од група Б, па така не чуди што видовме многу пресврти. Победници во вториот ден се дефинитивно ТНЦ Предатор и Виси Гејминг, кои го почнаа вториот ден од дното на табелата, односно средината и додека Виси се искачи неколку позиции, ТНЦ се искаќи на второто место.



ТНЦ го отвори вториот ден со нерешен резултат против ПаИН Гејминг, а потоа му одземаа бод на Виртус.про кој не се прослави во двомечот, а за крајот го победија Оптик Гејминг.

Виси покажа дека првиот ден беше само лош старт, откако ги победија своите сонародници од Њуби со 2-0, а потоа во кинеското дерби одиграа 1-1 против Серенити, а потоа и против Тим Сикрет.

ВЏЈ.Сторм не успеа да го задржи одличниот резултат, откако одигра 1-1 против Оптик Гејминг, а потоа го победи ПеИН Гејминг.

Во група А повторно главен беше Ивл Џиниусес, кој прво го победи ОЏ во две брзи партии, а потоа и еден од главните фаворити ПСЖ. ЛЏД.

Тим Ликвид одигра само еден натпревар вчера и тоа нерешено против Инвиктус Гејминг, додека во четвртото коло од група А најинтересен беше дуелот помеѓу Фанатик и Минески.