Еван Тарнер со пофални зборови за Кармело


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди која е вклучена во преговорите за размена летово е Кармело Ентони и иако интересот за него е голем, сепак малку тимови имаат доволно да понудат за да го добијат поентерското крило на Њу Јорк Никс.

Еден од тимовите кои би сакале да го донесат Мело во нивните редови е Портланд Трејлблејзерс, кој веќе почна да ослободува место во селари кеп-от за евентуалниот премин на Ентони во нивниот тим. Еден од нивните играчи, Еван Тарнер, го искажа своето мислење за Мело.

“Ако се согласи на премин во Портланд, тоа би било одлично.” – изјави Тарнер. “Веднаш ќе се вклопи во тимот затоа што тој ја направил одлуката да дојде. Очигледно е дека ќе ни помогне, погледнете како е граден. Спремен е да направи разлика за било која екипа во самиот момент кога ќе влезе на теренот. Мело постигнува поени со голема леснотија а на нас ни требаат што повеќе такви играчи.” – додаде тој.

 

Ситуацијата со размената на Кармело Ентони е комплицирана бидејќи тој има клаузула во договорот која вели дека тој може да биде разменет само во екипа која самиот ќе ја одобри. А засега, Ентони е спремен да ја поништи таа клаузула само доколку се работи за премин во Хјустон Рокетс.