Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Евертон во јануари со сигурност ќе донесат нов напаѓач затоа што не се задоволни од изданијата на Вејн Руни кој требаше да претставува замена за Ромелу Лукаку.
Прв на листата на желби на „Карамелите“ е играчот на Бешикташ, Ченк Тосун за кого има интерес и од екипите на Кристал Палас и Тотенхем.
Доколку не успеат да ги обезбедат услугите на Тосун, од Евертон ќе се насочат кон нашиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски. Тимот од Ливерпул пројави интерес за Несторовски и во текот на летниот преоден рок, но тогаш не дојде до реализација на трансферот.