Евертон го има својот Канте, ова момче е клучот на Роналд Куман


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Засилувањето на Евертон од Астон Вила покажува дека се работи за одличен фудбалер.

    Евертон одлично тргна во новата сезона.

    После шест одиграни кола имаат 4 победи, 1 нерешен резултат и еден пораз и го делат 3 место на табелата со Арсенал и Ливерпул.

    Многумина гледаат дека Идриса Гај, фудбалер кој стигна од Астон Вила во оваа сезона, е клучен играч на екипата на Роналд Куман.

    Стигна за 7 милиони фунти, има 27 години, а во минатата сезона беше одличен во Астон Вила иако неговата екипа не успеа да обезбеди останок во Премиер лигата.

    Тој во минатата сезона имаше 144 успешни одземени топки и 141 прекинат напад на противникот, по што е втор во Премиер лигата, одма позад Н`голо Канте.

    Ист тип на играч, а во оваа сезона тргна многу добро. Евертон игра одлично со него, а покрај 31 успешно одземени топки на 6 натпревари, успеа и да создаде 8 шанси за својот им што е нешто ново.