Евертон донесе уште едно засилување


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


По Џордан Пикфорд од тимот на Евертон го потврдија и пристигнувањето на Деви Класен од Ајакс.

Класен со „Карамелите“ потпиша петгодишен договор откако успешно ги мина медицинските прегледи во Финч Фарм.

Репрезентативецот на Холандија ќе го чини тимот на Евертон 23,5 милиони фунти.

Како што се шпекулира во следниве неколку дена на „Гудисон Парк“ треба да пристигне и Мбаје Нианг од редовите на Милан.