Евертон ќе тргне по Варди во летниот преоден рок


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите на Островот, од таборот на Евертон ќе тргнат по услугите на Џејми Варди наредното лето.

„Карамелите“ во репрезентативецот на Англија гледаат идеална замена за Ромелку Лукаку кој минатата сезона си замина во Манчестер Јунајтед. Од Евертон ги донесоа Руни и Тосун како можни негови наследници, но и двајцата засега не се снајдоа баш најдобро во таа улога.

Сем Алрдајс повеќе доверба му укажува на Омар Нијасе кој исто така игра топло-ладно во дресот на Евертон.