Еве ги најдобрите: Кој е најефикасен во изминатата 2018. година?! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската година зад нас ќе биде запаметена по фантастичниот резултат на Хрватска на СП во Русија, по третата во низа титула за Реал, по фантастичниот Манчестер Сити кој ја освои Премиер лигата со 19 бодови предност и по сензационалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Во посебна категорија влегува Лука Модриќ кој ги освои сите можни индивидуални награди. Откако го однесе Реал до крајот во Лигата на шампионите, а Хрватска до второто место на Мундијалот, прогласен беше за најдобар играч на СП, а шлаг на тортата беше и Златната топка која му ја додели Франс Фудбал.

Критичарите на Модриќ му го замеруваа лошиот втор дел од годината, кој воопшто не се бодуваше во доделувањето на наградите и сметаа дека сепак Златната топка треба да ја добие Лео Меси или Кристијано Роналдо, иако Модриќ и тоа како ја заслужи оваа година.

Но Меси и Роналдо и натаму се недопирливи во она што најдобро го прават, постигнувањето погодоци. Кога ќе се види календарската година, Лео Меси е најефикасен фудбалер на светот. Неуништивиоѕ Аргентинец постигна 51 погодок во 54 настапи со просек од 0,94 погодоци по меч. Во превод, Меси постигнува по еден гол секогаш кога ќе истрча на теренот.

Останатите на листата во продолжение: