ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Лестер сензационално дојде до титулата во Англија минатата сезона. На лисиците оваа сезона и не им оди баш најдобро во Премиер лигата, но тие успеаа да изборат пласман во вториот круг во Лигата на Шампионите.
Историскиот резултат го постигнаа коло пред крајот, а секој играч на Клаудио Раниери ќе добие по 100,000 фунти бонус за пласманот во нокаут фазата.
Лестер во пресрет на последното коло сигурно е прв со 13 бода, пред Порто, Копенхаген и Клуб Бриж.
Пласман во вториот круг во Лигата на Шампионите на клубот му донесе дури 12 милиони евра, а откриено е дека играчите меѓусебно ќе поделат три милиони евра.
Потсетуваме, за освоената титула во Англија секој играч на Лестер доби бонус од 280,000 евра, а сопственикот на клубот ги награди и со скапоцен автомобил (BMX i8).