Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Патрис Евра прави се што може за него повеќе да се зборува. Искусниот 37-годишен лев бек веќе некое време не игра фудбал, но се труди преку социјалните мрежи да привлече внимание. Овојпат преку Леонардо Бонучи го „боцна“ Милан.
„Сега се врати насмевката. „Ку*ац играше Лига на шампиони таму““, напиша под фотографијата алудирајќи на едногодишната неуспешна авантура на италијанскиот дефанзивец на „Сан Сиро“.
Имено, Росонерите веќе пет години чекаат на враќање во натпреварувањето кое го освоија седум пати, најмногу по рекордерот Реал.
Меѓутоа, како што обично се случува на социјалните мрежи, набрзо се јавија навивачите на миланскиот великан и го потсетија Евра на 2007. година. Манчестер Јунајтед во првиот полуфинален двобој го порази Милан со 3:2, кој возврати пак и на реваншот славеше со 3:0 и подоцна му се освети на Ливерпул за европската титула. Но таа вечер на „Олд Трафорд“ во 37. минута, Бразилецот Кака постигна еден од најубавите голови во историјата.
Притоа Евра и Хајнц се судрија по неговиот лажњак.
„На Евра очигледно му се врти во главата од тоа“, еден е од коментарите на навивачите на Милан на провокација на Французинот. А еве и зошто…
„Бонучи, нема повеќе да ти посакам ни добар ден бидејќи ми се јавуваат твоите непријатели. Навивачите на Милан, поради вашиот клуб светот знае за фудбал. Меѓутоа, сега е така поради Јувентус“, одговори помеѓу останатото Евра.