Евра објасни поради што го напушти Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Станав со време несреќен“, рече Французинот.

Францускиот лев бек Патрис Евра потпиша во оваа зима договор со Олимпик Марсеј до јуни 2018 година.

Многумина кои навиваат за Јувентус оваа одлука не им се допадпа, но Французинот проба да ги објасни причините.

Тој вели дека не било лесно да се одлучи.

„Не е баш лесна одлука. Не очекував ни дека ќе ја донесам. Се вратив од Европското првенство напален, со доста ентузијазам. Кога сезоната почнуваше не го играв првиот натпревар, вториот третиот. Бев тивок, го прашав Алегри околу тоа, ми рече дека ќе игра. После празниците не се чувствував среќен. Сакав да бидам искрен кон себе и да заминам, отколку да тренирам со пола срце. Го почитувам Јувентус поради се што пружи, но управата го разбираше моето заминување“, рече Евра.

Евра има 35 години, кариерата ја започна во 1998 година, а во Јувентус играше од 2014 до 2017 година. Сега повторно ќе игра во Франција, каде што последен пат играше во Монако од 2002 до 2006 година.

Во Марсеј го избра бројот 21.