ЕвроБаскет: Русија продолжи со победите, овојпат падна репрезентацијата на Србија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Повторно шоуто на Алексеј Швед се покажа како решавачко за нова победа на репрезентацијата на Русија, овојпат над Србија.

 

Русите со силна игра во одбрана го фрустрираа противникот и успеаа да триумфираат над Србија со резултат 75-72.

Повторно, како и многупати претходно, најимпресивен играч на теренот беше Алексеј Швед, кој уфрли 22 поени. Покрај него, во последната четвртина Тимофеј Мозгов беше изненадување за Србите, кои не знаеја како да се снајдат кога тој беше под кошевите.

Кај Србија најефикасни беа Богдановиќ и Марјановиќ, двајцата уфрлајќи по 19 поени.

 

Во денешниот натпревар се почувствува отсуството на Теодосиќ и Јокиќ, бидејќи без нив Србите немаат истакнат лидер во составот кај кого би одела топката кога останатите играчи се без идеја во нападот.