Европски гигант направил огромна грешка откако го одбил Дончиќ: Што да правиме со ова дете?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Мирко Миличевиќ откри дека турски Галатасарај одбил да потпише договор со Лука Дончиќ.

„Кога со пријателите го однесов Лука во Галатасарај, ме прашаа што да прават со тоа дете? Не беше добар колку што очекувале, а јас видов колку е силен кога се бореше со неговиот татко“, кажа Миличевиќ.

Потоа го пречекаа добри вести, па не замина во Галатасарај, туку потпиша за Реал Мадрид.

„Му реков на неговиот татко дека се надевам дека нема да го прими Галатасарај за да го однесам во Реал и тоа кај мојот другар Алберт Ерерос, со кој настапував“, открива Миличевиќ.

Инаку, Дончиќ тргна фантастично во НБА-лигата, па досега има по 18,2 поени, 6,5 скокови и 4,1 асистенција по меч.