Египетската репрезентација се огласи по повредата на Салах


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Ливерпул и Египет, Мохамед Салах, ги загрижи сите откако се пожали на повреда.

Сепак, според првите прогнози Салах не е тешко повреден и ќе се врати наскоро на теренот.

„Првите прогнози на медицинскиот персонал се дека Салах има повреда на мускулот и ќе биде детално прегледан, но јас мислам дека не е ништо сериозно“, кажа помошник селекторот на Египет, Хени Ремзи.

Ливерпул наредниот викенд игра во Премиерлигата против Хадерсфилд, а потоа ја пречекува Ц. Звезда.