Еден играч си оди од Челси во јануари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најискусните играчи на Челси, Гери Кејхил ќе побара да биде продаден во јануарскиот преоден рок доколку не добие повеќе шанси за настап од Маурисио Сари.

32 годишниот фудбалер падна во втор план по доаѓањето на Сари на клупата на Челси. Италијанецот поголема доверба му даде на Давид Луиз кој воопшто не играше под водство на Антонио Конте.

Гери Кејхил се уште нема ниту еден настап за тимот од Лондон оваа сезона, па доколку тоа продолжи ќе побара да биде продаден во зимскиот преоден рок.