Еден куп гиганти во борба: Млада француска ѕвезда си заминува од ПСЖ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адриен Рабио речиси сигурно ќе замине зимава од редовите на ПСЖ.

Францускиот играч настапува за Парижаните уште од 2013. година, а иако сезонава е стандарден во тимот на Томас Тухел, наводно сака да почне нова авантура.

Рабио порачал дека сака да си замине, па во зимскиот преоден рок тоа ќе се обидат да го искористат Јувентус, Манчестер сити и Тотнем.

Поради тоа што на Рабио му завршува договорот на крајот на сезоната, зимава ќе биде последна шанса за ПСЖ да заработи нешто на неговиот трансфер.