Екипата со млади ѕвезди на Англија изгледа страшно! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт внесе големи промени откако е на тренерското место.

Тој им се заблагодари на многу фудбалери бидејќи сака да ги замени со помлади момци и да им даде шанса во важните натпревари.

Па, така сега неговиот список со репрезентативци е исполнет со фудбалери кои имаат по 21 или помалку години, а англиските медиуми составија прв тим со просек од 21 година.

Секако, тешко може да се поверува дека екипата заедно ќе излезе на теренот во блиска иднина, но кога тоа би се случило, Англичаните не би требало да се плашат од никого.

На голот би бил Ангус Ган, кој има само 23 години, па понатаму следуваат Алекандер-Арнолд, Џо Гомез, Деклан Рајс и Бен Чилвел. Задниот дел од средниот ред би бил пополнет со Деле Али и Лофтус-Чик, а во офанзивниот дел би биле Санчо, Стерлинг и Хадсон-Одои, додека напаѓач би бил Рашфорд.