Екстра засилување за Баерн Минхен

По Серж Ганбри, Баерн Минхен денес го официјализираше своето ново засилување.

Станува збор за одличниот 22 годишен француски интернационалец Корентин Толисо кој доаѓа од редовите на Лион и со „Баварците“ потпиша петгодишен договор.

Играчот од средниот ред имаше неверојатна сезона во редовите на Лион постигнувајќи 14 погодоци и запишувајќи седум асистенции зад своето име.

„Поминав неверојатно време во Лион и сум многу благодарен за тоа. Сега сум задоволен што ќе бидам во еден од најдобрите тимови во светот. Си постигнав високи цели за во Баерн Минхен. Ова е феноменален ден за мене.“- изјави Толисо по потпишувањето на договорот.