Ел Класико борба за новиот Бускетс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез почна да го планира летниот преоден рок.

Така вториот човек на Реал, Хозе Анхел Санчез наводно имал состанок во Мадрид со агентот на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл кој неодамна потпиша нов договор со црно-жолтите.

Сепак, тоа не е никаква гаранција дека милионерите нема да го продадат ако стигне задоволувачка понуда.

Реал наводно е спремен да и исплати на Борусија колку што бара, а тоа би можело да биде околу 50 милиони евра.

21-годишниот германски фудбалер е голем капацитет и вистинско засилување за Реал во средниот ред, а го сака и Барселона.