„Ел Класико“ на трансфер-маркетот: Реал ѝ „краде“ голема желба на Барселона!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид има големи планови за наредната сезона, па францускиот тренер Зинедин Зидан очекува нови засилувања, а веќе почнале да ја градат листата со неговите желби.

„Кралевите“ би можеле да останат без дефанзивецот Рафаел Варан, зашто стоперот решил да го напушти Мадрид на крајот на сезоната.

Тоа ќе ја натера управата на Реал да бара нов квалитетен дефанзивец, а наводно решиле да го ангажираат Матијас де Лихт, дефанзивецот на Ајакс.

Де Лихт е голема желба на Барселона, која планира да го купи на лето, но „кралевите“ би можеле да водат жестока борба за неговиот потпис.

Шпански „Спорт“ пишува дека Реал е подготвен да плати 70 милиони евра за неговите услуги, а освен Барселона, за Де Лихт се заинтересирани и ПСЖ и Баерн Минхен.