Емери: Немојте да ми се смеете, ама јас вака учам…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот стратег, Унаи Емери летово го презеде клубот на Арсенал откако Арсен Венгер по 23 години одлучи да го напушти кормилото на лондонскиот клуб.

Иако немаше баш добар старт на сезоната, Арсенал лесно зеде залет во последно време играчите на овој клуб нудат одлични партии. Во играта на „Топчиите“ се гледа дека Емери внел нешто ново, а она што најмногу ги радува навивачите е тоа дека Арсенал сега игра доста офанзивно.

За Емери ова е прв работен ангажман на Островот и призна дека се плашел дека јазикот ќе му биде бариера. Меѓутоа, шпанскиот стратег вредно работи на тоа што подобро да го совлада англискиот јазик, а за тоа има необичен начин на учење.

„Се плашев дека јазикот ќе ми биде бариера, но за среќа не е. Немојте да ми се смеете, но верувајте гледам доста серии и така најдобро го учам јазикот. Најмногу следам „Peaky Blinders“ и така најдобро го учам новиот јазик. Серијата е навистина добра, но тешка поради акцентот. Сепак, добро ми оди“, истакна Емери.