Емери потврди дека си заминува од ПСЖ по крајот на сезоната


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Унаи Емери откри дека ќе си замине од францускиот клуб по крајот на оваа сезона.

И покрај тоа што го однесе тимот до шампионската титула, Емери ќе си замине откако дошле до одлука да не ја обновуваат соработката со тимот на ПСЖ.

Шпанскиот стратег потпиша двегодишен договор со францускиот гигант во 2016 година, а по неуспехот во Лигата на шампионите од ПСЖ ќе бараат ново решение за клупата.

„Им се заблагодарувам на Насер Ал Келафи, спортскиот директор Антеро Енрике, навивачите и сите играчи за овие одлични две сезони“- коментираше Емери по објавувањето дека заминува од градот на светлината.