Еминентниот „Франс Фудбал“ пренесува бомбастична вест: Манчестер Јунајтед ќе стори се да го донесе Кулибали во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најеминентните медиуми во Франција, „Франс Фудбал“ пренесува дека Калиду Кулибали останува примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед иако сенегалскиот репрезентативец неодамна го продолжи договорот со Наполи.

27 годишниот фудбалер игра феноменално во дресот на Наполитанците и според многумина е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот во овој момент.

Ед Вудворд нема да жали пари за да го донесе играчот кој треба да донесе мир во одбраната на  Манчестер Јунајтед.

Весникот пренесува дека  не се очекуваат многу трансфери на „Олд Траофрд“ оваа зима, па токму затоа целото внимание ќе биде насочено кон носењето на Калиду Кулибали.