Емотивно простување на Маркизио од Јувентус (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Клаудио Маркизио по 25 години замина од Јувентус, откако ја раскина соработката со „Старата дама“ од која се прости на емотивен начин.

На Твитер остави порака за збогум на клубот кој вистински го сака.

„Не можам да ја гледам фотографијата и овие линии на дресот кои го испишаа мојот живот како човек и фудбалер. Го сакам дресов и убеден сум дека клубот е секогаш пред останатото“, напиша Маркизио.

Италијанецот одигра 389 натпревари за Јувентус и постигна 37 голови во кариерата.