Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Енди Мареј не играше добро, но помина во 2-то коло од Австралијан Опен. Тој по 3 часови игра го победи Марченко во 3 сетови.
„Не одиграв најдобро што можам, условите беа поинакви отколку на теренот. На теренот беше многу ладноо, кога топките отскокнуваат ниско, потешко е да ги контролирате. Малку брзав поради тоа. Не сервирав ниту најдобро, а во такви ситуации мораш многу да се намачиш.“
Во текот на натпревар Мареј се обидуваше да го поправи своето ниво на игра, поради што делуваше нервозно.
„Не се движев добро, така барем чувствував. Тоа можеби беше и до условите за игра. Топката брзо леташе низ воздухот. Можеби не реагирав доволно брзо како што сакав. Бев малку нервозен и поради тоа што е прво коло, нормално е да се има потежок старт.“
Следен ривал ќе му биде Андреј Рубљев, 152-от играч на АТП листата.
„Малку знам за него, никогаш не сме играле заедно, но го видов како игра. Не се плаши, има добри удари. Го гледав пред неколку години на УС Опен против Јужњи, беше многу добар.“