Енрике претставен како селектор на Шпанија: Нема да правиме револуција, туку ќе има еволуција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, официјално е претставен како нов селектор на Шпанија.

Енрике им се заблагодари на членовите на Фудбалскиот сојуз за довербата и најави на што ќе посвети најмногу внимание.

„Нема да има револуција, туку еволуција. Нема да ја менуваме драстично играта, туку ќе ја подобриме. Тоа го направив и во Барселона. Постојат делови кои може многу подобро тактички да се одработат. Ќе анализираме што направиле Лопетеги и Јеро и ќе продолжиме по тој пат“, објаснува Енрике.

На неодамнешното Светско првенство, Шпанија беше елиминирана во осминафиналето, по што Фернандо Јеро си даде отказ.

„Тоа е нешто што се случи во минатото и треба да остане таму. Ме интересира тоа што ќе се случува во иднина“, вели новиот селектор на Шпанија.