Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, сезонава не игра според очекувањата, а тоа би можело да влијае на неговиот статус во репрезентацијата на Шпанија.
Иско не играше премногу во досегашниот дел од сезоната, откако стигна Сантијаго Солари на тренерската клупа, па се шпекулира дека на крајот на сезоната Шпанецот ќе го напушти Мадрид.
Шпанецот зимава беше желба на неколку европски гиганти, но нема понуди до Реал Мадрид.
Покрај тоа што не игра во редовите на „кралевите“, очигледно нешто слично може да му се случи и во репрезентацијата на Шпанија.
Селекторот Луис Енрике му порача дека ќе го загуби местото во репрезентацијата, доколку седи на клупата на Реал.
„Во моментов не знам дали ќе го повикам Иско. За тоа ќе размислам подоцна. Имаме уште два месеци да го објавиме списокот и може листата да се промени. Доколку не игра во Реал, тогаш нема да добие повик за Шпанија“, кажа Енрике.