Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово во англиските медиуми излегоа шпекулации дека Кристијан Ериксен е интересен за раководството на Реал Мадрид и дека „Кралевите“ во летниот преоден рок ќе тргнат по неговите услуги.
Сепак, самиот фудбалер ги отфрли шпекулациите дека ќе си замине од Тотенхем, но исто така истакна дека не е ни блиску до потпишување на нов договор со клубот.
Актуелниот договор на играчот со офанзивни карактеристики од средниот ред истекува за 18 месеци, а Реал Мадрид, Јувентус и Барселона ја следат ситуацијата и ја чекаат разврската дали Данецот ќе ја продолжи верноста со клубот.
„Има многу шпекулации, не верувајте им. Јас не знам ништо за тоа што го пишувало“- истакна Ериксен.