Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед ќе го претстави Оле Гунар Солскјер како тренер и за наредната сезона, односно ќе му понуди повеќегодишен договор.
Солскјер го прероди Јунајтед и запиша 14 победи во 17 натпревари. „Црвените ѓаволи“ имаа негатива од 0-2 од првиот меч во осминафиналето на Лигата на шампиони, но со победата од 3-1 против ПСЖ во Париз се пласираа во четвртфинале.
Управата на клубот го вработи Солскјер во декември и тоа како привремено решение до крајот на сезоната.
„ЕСПН“ пишува дека Норвежанецот наскоро ќе го добие новиот договор, но не се откриваат повеќе детали за условите и платата, која ќе му биде понудена.
Јунајтед во моментов се наоѓа на четвртото место во Премиерлигата со три бода помалку од третопласираниот Тотнем и бод повеќе од Арсенал, кој е петтопласиран.