Еурофарм Работник против Гранитас Карис во Челинџ Купот


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Дебитантот во Европа, Еурофарм Работник денес го доби противникот за третото коло во Челинџ Купот.

Литванскиот претставник Гранитас Карис од  Каунас ќе биде противник на битолчани на патот кон првата успешна европска авантура.

Еурофарм беше носител пред ждрепката и со право може да се каже дека е фаворит на овој двомеч. Првиот натпревар се игра во салата „Младост“ на 18/19 ноември, додека пак реванш натпреварот е закажан за седум дена подоцна во Литванија.